Македонските куглари Стефанија Алексовска и Дарко Јовановски се светски вицешампиони до 23 години во тандем-микс.
Алексовска и Јовановски испишаа историја за македонското куглање со сребрениот медал на Светското првенство за играчи до 23 години, во дисциплината тандем микс.
На шампионатот кој се одржа во Австрија, демонстрираа одлични игри, во првото коло убедливио победувајќи ја естонската двојка со 2-0, а потоа го елиминираа и романскиот тандем-микс.
Во полуфиналето, Алексовска и Јовановски по пенали ја победија чешката двојка, а потоа во борбата за златниот медал, загубија од тандемот од Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
