Кукоч му се пожалил на Џордан за „Последниот танц“, и добил интересен одговор

Легендата на хрватската кошарка, Тони Кукоч призна дека поради еуфоријата предизвикана од документарниот филм „Последниот танц“ дал повеќе интервјуа во само две недели, откако кога играл кошарка.

„Му пратив и порака на Мајкл Џордан дека последниве недели новинарите повеќе ме бараа откако претходно во кариерата. Мајкл ми одговори само со насмевка. Саркастично се насмеа“ – вели Кукоч во уште едно свое интервју, дополнувајќи дека, во секој случај, чувствувал пријатни емоции додека го гледал документарецот.

„Тоа се спомени, важни нешта кои се случија во мојот живот. Мило ми е што, и на еден таков начин, ги видов сите тие кошаркари повторно. Убаво беше да се види како изгледавме сите ние, и цела таа драма околу нас. Можеби јас повеќе бев заинтересиран да го видам начинот на кој игравме, кошарката која се играше, додека гледачите повеќе ја сакаа драмата која се случуваше паралелно со самата игра. Во секој случај, добар документарец за сите“ – истакнува Кукоч.

Се вчитува...