Кукоч: Не ми се допаднаа првите две епизоди од документарецот за Џордан, очигледно некои работи не сум ги знаел

Прослевениот хрватски кошаркар Тони Кукоч ги прокоментира првите две епизоди од документарецот „Последниот танца“ за последната сезона на големата генерација на Чикаго булс. Филм кој всушност е посветен на Мајкл Џордан.

„Се надевам дека останатите епизоди ќе бидат поведри и повеќе ќе ја слават кошарката, отколку да испитуваат кој за што е крив и зошто сме освоиле осум место девет титули. Светот беше среќен додека сето тоа тогаш се случуваше, не знам зошто сега сите зборуваат дека нешто биле лути. Не ми се допаднаа првите две епизоди“ – вели Кукоч во разговор за НБЦ спортс.

Во документарецот посебно се нагласуваат несогласувањата на Џордан и Пипен, како и тренерот Фил Џексон, со извршниот директор Краус, кој е најзаслужниот за доаѓањето на Кукоч.

„Три години ме убедуваше да дојдам во Чикаго. За мене тој беше одличен менаџер. Никогаш не се ставаше себеси во прв план, но секогаш оставаше славата да оди кај тимот. Сега гледам дека неговиот однос со Фил Џексон бил крајно лош, но тоа тогаш не го знаев на таков начин. Очигледно многу работи во клубот не сум ги знаел, веројатно затоа што си ја гледав мојата работа. Знаев и дека Џордан и Пипен беа категорични дека нема повеќе да играат во тимот ако Џексон не е тренер, но не ја знаев до таа мера и нивната омраза кон Краус“ – вели Кукоч.

Се вчитува...