Кукоч: Се надевам татко ми ќе дочека да влезам во „Куќата на славните“

Легендарниот хрватски кошаркар Тони Кукоч годинава по седми пат извиси и не успеа да влезе во „Куќата на славните“ на НБА лигата. Тој вели дека него лично и не му е толку важно, но дека на неговиот татко многу би му значело доколку стане „бесмртен“.

„Не знам кога и дали ќе влезам во „Куќата на славните“. Се надевам само дека тие што одлучуваат еден ден ќе најдат начин јас да бидам дел од „Куќата на славните“. Ако некогаш се случи тоа се надевам дека мојот татко кој сега има 82 години ќе го доживее тоа. Нему тоа му значи многу повеќе од мене“, изјави Кукоч. 

Веќе излегоа четири епизоди од документарецот посветен токму на генерацијата на Чикаго Булс предводена од Мајкл Џордан, во која дел беше и Тони Кукоч.

Се вчитува...