Кукоч: Се слушнав со Џордан и му кажав дека сум пресреќен што заврши „Последниот танц“

Документарниот филм „Последниот танц“ и понатаму предизвикува бројни коментари во јавноста, како ниту еден досега видео-материјал за спортски колектив.

Во фокусот секако Мајкл Џордан и сите случувања околу него. Хрватската легенда Тони Кукоч имаше некако само споредна улога во документарецот, но очигледен за сите беше неговиот огромен допринос за титулите на Чикаго булс.

Кукоч во разговор за грчки „Спорт24“ откри дека пред два дена се слушнал со Џордан и му го кажал своето мислење за документарецот.

„Разговаравме пред два дена и му реков дека сум среќен што документарецот завршил. Знаете зошто? Затоа што во последните три недели добив повеќе телефонски повици отколку во последните 20 години“ – вели Кукоч, притоа уште еднаш потенцирајќи дека не секој би можел да го поднесе тоа што Џордан им го правел на своите соиграчи.

„Ниту кон мене не беше поразличен. Сите исто не третираше. Едноставно сакаше секого да го носи до крајни граници. Постоеја и добри причини за тоа, затоа што сите погледи беа во нас. Сите од нас имаа огромни очекувања. Тоа не беше едноставно и сигурно не би можел секој да го поднесе. Постоеше хиерархија и секој го знаеше своето место во екипата. Тоа секогаш било така“ – коментира Кукоч.

Се вчитува...