Кукуловски потпиша за Еурофарм Пелистер

Македонскиот вицешампион и минатата сезона претставник на нашата земја во Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер продолжува со ангажман на нови засилувања за следната сезона. Од денеска нов член на битолскиот суперлигаш е младиот Дејан Кукуловски, кој минатата сезона го носеше дресот на Вардар.

Се работи за играч, кој ги помина младинските екипи на Вардар, а потекнува од школата од Ресен. Настапуваше за составот на Вардар Јуниор, кој се натпреварува во Суперлигата, додека повремено добиваше и шанса за игра во првиот тим. Дебитираше за првиот тим на Вардар во СЕХА-лигата пред две години, додека минатата сезона постигна и два гола на натпреварите во Лигата на шампионите.

Кукуловски се обврза на договор на три сезони со Еурофарм Пелистер. Нови членови на битолскиот тим се Мараш, Мандалиниќ, Кушан, Периќ и Танкоски.

Се вчитува...