Кукуловски си замина од Еурофарм Пелистер 2

Дејан Кукуловски повеќе не е член на битолскиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 откако денеска беше постигнат договор за прекин на соработката.

Договорот што Кукуловски го имаше беше со важност до крајот на годинава, но двете страни се договорија за предвремен раскин, со што младиот бек добива можност за нов предизвик во кариерата. Неговата битолска авантура траеше две и пол години. 24-годишниот Кукуловски дојде во Битола во јуни 2020 година и настапуваше најпрвин за Еурофарм Пелистер, а од сезонава и за Еурофарм Пелистер 2. Оваа полусезона ја мина во дресот на Еурофарм Пелистер 2 и ја оствари целта со пласманот во плеј-офот.

РК Еурофарм Пелистер му посакува многу успех во понатамошниот тек на кариерата на Дејан Кукуловски.

Се вчитува...