Кукуреља му пресуди на Манчестер Јунајтед, Челси до крај ќе се бори за ЛШ (ВИДЕО)

Челси го совлада тимот на Манчестер Јунајтед со минимални 1-0 во претпоследното коло во англиската Премиерлига. Овој меч беше позначаен за „сините“ кои бркаат палсман во ЛШ преку Премиерлигата, додека Јунајтед ќе мора да ја освои Лигата на Европа за да дојде до европската клупска елита идната сезона.

Мечот изобилуваше со многу малку шанси. На Мегваер му беше поништен гол, на Челси му беше поништен пенал, а клучниот момент се случи во 71. минута.

По една долга акција, Џејмс со центаршут го пронајде Кукуреља, кој се најде на вистинското место и со глава го совлада Онана за предност, што на крајот ќе се покаже како конечен резултат.

Се вчитува...