Трансферот на Марк Кукуреља во Реал Мадрид предизвика вистински бум и жестоки реакции во шпанскиот фудбал, а неговата последна изјава дополнително го запали огнот меѓу лутите ривали.
Шпанскиот лев бек, кој е поранешен производ на познатата академија на Каталонците, „Ла Масија“ неодамна го комплетираше својот трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ во договор вреден околу 60 милиони евра. Иако веднаш се соочи со лавина критики од навивачите на Барселона и беше прогласен за „предавник“ од легендата Жерар Пике, Кукуреља реши целосно да им сврти грб на своите фудбалски корени.
„Среќен сум поради трансферот во Реал, почнав во скромен клуб (Барселона) и одев чекор по чекор, додека не дојдов до врвот, до Реал Мадрид“, изјави Кукуреља.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
