Кулибали: Би го напуштил Наполи само доколку имам понуда од два клуба и еден тренер

Наполи игра неверојатно на стартот на новата сезона во Серија А и по десет кола се наоѓа на првата позиција со девет победи и само едно реми. Еден од главните виновници за одличниот старт на сезоната на „наполитанците“ е капитенот Калиду Кулибали.

Сенегалскиот репрезентативец бележи одлични партии на стартот на сезоната, па поради тоа повторно почна да се поврзува со трансфер во некој од европските гиганти. Кулибали во изјава за италијанските медиуми вели дека би го напуштил Наполи, само доколку добие понуда од два клуба и еден тренер.

„Ако одлучам да го напуштам Наполи тоа би го направил само за два клуба и еден тренер. Или би заминал во моментов во Манчестер сити, но само поради Пеп Гвардиола, или доколу од Барселона или Реал Мадрид се заинтересирани за моите услуги“, изјави Кулибали. 

Кулибали во Наполи стигна во 2014 година од редовите на белгиски Генк. Оттогаш за тимот од Неапол запиша 217 натпревари на кои постигна 12 гола.

Се вчитува...