Кулибали ја разголе „дамата“: Наполи се доближи само на бод до Јувентус

Наполи го совлада актуелниот првак Јувентус со 0-1 во Торино и се врати во трката за „скудетото“ во Серија А. Дефазивецот Калиду Кулибали во 90.минута со удар со глава го совлада Џанлуиџи Буфон по корнерот од левата страна, крај немоќната одбрана на „старата дама“.

Јувентус играше калкулантски, не упати ниту еден удар во рамките на голот на Пепе Реина за 90 минути, а „наполитанците“ до самиот крај ја чекаа својата шанса. До крајот на шампионатот остануваат уште четири кола, а Јувентус има и тешко гостување во Милано против Интер.

Се вчитува...