Култниот германски клуб се враќа во „Цвајте“

Четирикратниот германски шампион Кајзерслаутерн, славеше во баражот против Динамо Дрезден со 2-0, и по првите 0-0 се пласираше во втората германска лига. Головите ги постигнаа Ханслик и Хершер. Навивачите на Кајзерзлаутерн по завршувањето на средбата влегоа во терен да слават.

Овој тим после четири сезони настапи во третолигашката конкуренција, се искачува скалило погоре. Во 2018 година некогашниот првак испадна во третата лига, што беше историски неуспех. Клубот освојуваше титули во 1951, 1953, 1991 и 1998 година. Последен пат во прволигашката конкуренција беше во сезоната 2011/12.

Вчера во баражот за прва лига, Херта успеа да го победи Хамбургер на гостински терен со 0-2, и да избори опстанок во Бундеслигата. По првиот меч во Берлин, Хамбургер имаше предност, која ја „прокоцка“ на домашен терен.

Се вчитува...