Кулушевски: Горд бев како Македонец кога Пандев даваше голови во Интер

Фудбалерот на Тотенхем, Дејан Кулушевски во ексклузивно интервју за официјалната страна на Лигата на шампионите говореше за неговите сеќавања од минатото од најелитното европско натпреварување.

Играчот кој е со потекло од Македонија, но реши да игра за Шведска има свежи мемории од маестралните партии кои своевремено ги прикажуваше Горан Пандев во дресот на Интер во Лигата на шампионите, велејќи дека цела негова фамилија биле горди што се Македонци.

„Вторници и среди, девет часот во Шведска. Секогаш имав пуканки и со моето семејство ги гледавме тимовите, ги гледавме најдобрите играчи во светот. Тој е Македонец како нас. Тогаш бевме многу горди што постигна толку важен погодок“, изјави Кулушевски.

Се вчитува...