Кулушевски херој, Јувентус преку Аталанта до трофејот во Копа Италија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус стигнаа до трофејот во Копа Италија откако во финалето славеа над Аталанта со 1-2. Дејан Кулушевски во 31. минута донесе водство за „старата дама“. До крајот на првиот дел тимот од Бергамо преку Малиновски во 41. минута успеа да израмни на 1-1.

Човек на одлука во второто полувреме беше Федерико Киеза постигнувајќи го голот за титула во 73. минута. За Јувентус ова е 14. трофеј во Копа Италија со што се зациментираа на првото место на вечната листа.

 

Се вчитува...