Кулушевски: Парма е мојот клуб, Манчестер Јунајтед и Арсенал не ме интересираат

Дејан Кулушевски со одличните настапи во дресот на Парма го привлече вниманието на неколку европски гиганти, па премиерлигашите Манчестер Јунајтед и Арсенал подготвија понуди за веќе во јануарскиот преоден рок да го доведат во своите редови. Сепак, тоа најверојатно нема да се случи откако Кулушевски покажа лојалност кон својот актуелен клуб, изразувајќи желба да остане најмалку до крајот на сезонава.

„Се чувствувам добро во Парма, среќен сум овде. Го најдов својот идеален клуб и затоа понудите не ме интересираат. Свесен сум дека играм добро, не сум изненаден што многу се пишува за мое заминување, дури и во големи клубови во Англија, но вистината е дека тоа не ме интересира, особено во јануарскиот преоден рок“ – изјави Кулушевски.

Кулушевски е едно од откровенијата на Калчо-лигата, постигнувајќи два гола и пет асистенции во првите 12 натпревари во елтиното италијанско фудбалско друштво.

Талентираниот фудбалер дебитираше за сениорската репрезентација на Шведска, со што и дефинитивно беше ставен крај на надежите дека тој ќе го облече дресот на Македонија.

Се вчитува...