Кулушевски пристигна на медицински прегледи во Торино (ФОТО + ВИДЕО)

Играше за младинските селекции на Македонија и беше воочливо дека е раскошен талент. Одлучи да игра за Шведска, неговата родна земја, а сега ќе реализира и трансфер во италијанскиот првак Торино. Дејан Кулушевски пристигна во Торино и во „Ј клиник“ на стадионот на Јувентус ќе ги изврши медицинските прегледи пред да стави потпис на договор со „старата дама“.

Маурицио Сари го сака веднаш како засилување во тимот иако постоеше опција и да ја доигра сезоната во Парма. Тој е играч на Аталанта која убаво ќе профитира од неговиот трансфер во Јуве.

Се вчитува...