Кулушевски со гол и две асистенции, Парма со „петарда“ за Пандев и Џенова (ВИДЕО)

Парма убедливо со 5-1 славеше против Џенова во 8. коло од Серија А. Во дуелот на двајца Македонци на двете страни, Дејан Кулушевски, кој има шведски пасош, поуспешен од Горан Пандев кој со капитенската лента на раката го почна натпреварот за Џенова.

Кулушевски поуспешен притоа постигнувајќи го последниот гол за Парма во 79. минута, а претходно асистирајќи и за два погодоци на својот тим. Пандев, пак, го одигра првото полувреме на мечот во кое имаше и една одлична шанса во 23. минута за водство од 0-1 во тие моменти на Џенова, но неговиот шут беше блокиран во последен момент…

Се вчитува...