Кулушевски во јуни се враќа во Серија А

Шведскиот репрезентативец со македонско потекло, Дејан Кулушевски во јуни би можел повторно да се врати во Серија А.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Наполи е сериозно заинтересиран за услугите на Кулушевски кој не е задоволен од својот статус во редовите на Тотенхем.

И самиот Кулушевски не крие дека би сакал да се врати во Италија, но овој пат во дресот на Наполи кој со продажбата на Виктор Осимен ќе може да си дозволи сериозни средства за ново играчко освежување. Кулушевски пред две години од Јувентус за сума од 35 милиони евра се пресели во Тотенхем.

Се вчитува...