Куман: Де Јонг во нападот може да биде поопасен од Нејмар

Барселона оваа сезона ќе мора да се навикне на животот без Лео Меси откако Аргентинецот по 21 година помината во редовите на каталонците замина во Париз. Покрај него од тимот замина од големото засилување Антоан Гризман, а на неговото место беше доведен Лук де Јонг.

Триесетиедно годишниот Холанѓанин на „Камп Ноу“ стигна на позајмица од Севилја, а на претставувањето пред навивачите неговиот сонародник на тренерското место го спореди со Нејмар.

„Лук де Јонг во поедини фази од нападот е подобар и од Нејмар. Поготово кога се во прашање центаршутевите“, изјави Куман.

Се вчитува...