Куман: Дембеле? Разочаран сум…

Осман Дембеле во 2017 година пристигна на „Камп Ноу“ како огормно засилување од редовите на Борусија Дортмунд, трансфер кој ги чинеше каталонците 105 милиони евра без бонуси, но бајката на Французинот ја спречија повредите.

Дембеле уште во првата сезона во Барселона се стекна со повреда на задната ложа од која не успеа целосно да се врати во право светло, а повторно се повреди на Европското првенство, повреда која ќе го оддалечи од теренот најмалку до ноември.

Незадоволството од новата повреда на 24-годишникот не го криеше тренерот на Барселона, Роналд Куман кој се надева дека неговиот играч ќе се врати уште посилен.

„Разочаран сум поради неговата повреда. Навистина е штета и за него и за нас. Тој ни даде многу претходната сезона и се надевам дека брзо се врати во тимот“, вели Куман.

Се вчитува...