Куман ги избра помошниците – Хенрик Ларсон и „мозокот“ на Ајакс

Два дена по официјалната промоција како нов тренер на Барселона, Роналд Куман успеа да ги договори и двајцата помошници во стручниот штаб на каталонскиот гигант, Хенрик Ларсон и Алфред Шројдер.

Швеѓанецот Ларсон се враќа во Барса по 14 години пауза, откако како играч стигна до трофејот во ЛШ со каталонскиот гигант, под водство на Франк Рајкард во 2006 година. Тој беше без тренерски ангажман од 2010 година, кога си замина од кормилото на Хелсингборг. Ларсон и Куман во минатото имаат играно заедно во Феенорд, а воедно ги претставува истата менаџерска агенција.

Шројдер во Холандија го доби прекарот „мозокот на Ајакс“, како прв асистент на Ерик Тен Хаг. Тој одлично ги познава квалитетите на Франки де Јонг и се очекува да го промовира Холанѓанецот во „прва ѕвезда“ во средниот ред, поради што е дадена и согласност Бускетс да биде продаден.

Се вчитува...