Куман: Иако останавме без Меси, со нетрпение ја очекувам новата сезоната во Шпанија

Фудбалерите на Барселона останаа без најдобриот играч пред сезоната 2021/2022, а тренерот на тимот, Роналд Куман, изјави дека Барса, и покрај заминувањето на Лео Меси во Пари Сен Жермен, ќе има што да им понуди на фановите.

Барселона ја заврши претходната сезона на третото место зад дуото од Мадрид – Атлетико и Реал.

„Факт е дека Меси замина, но ние со нетрпение ја очекуваме следната сезона, возбудени сме за нејзиниот почеток. Со тимот што го имаме, засилувањата што ги донесовме и младите играчи кои напредуваат, секогаш има иднина за овој голем клуб“, изјави Куман.

 

 

 

Се вчитува...