Куман имаше „посебен момент“ со Меси…: „Му кажав само една работа…“

Барселона успеа да ги надмине негативните резултати во Ла Лига и со триумф од 0-2 против Јувентус во Лигата на шампионите го заврши гостувањето во Торино.

По триумфот, холандскиот стратег Роналд Куман имаше специјален момент со Лионел Меси. Го прегрна Аргентинецот и минаа извесен период во краток разговор. По мечот откри што зборувал со Меси.

„Нашиот однос никогаш не бил компликуван. Единствена работа која му ја кажав по натпреварот е дека требаше порано да го решиме мечот“ – истакна Куман.

 

Се вчитува...