Куман крена бело знаменце: Не можете да побарате од нас да ја освоиме Лигата на шампионите, погледнете ги другите тимови!

Тренерот на Барселона, Роналд Куман е свесен за предизвикот со кој се соочува неговиот тим во Лигата на шампионите во пресрет на дуелот со Динамо. Каталонскиот клуб претрпе два тешки порази во првите две кола против Баерн Минехен и Бенфика и моментално се наоѓа на последното место од групата Е.

Во среда Барса ќе игра дома против Динамо Киев.

„Тие се подобри од минатата сезона. Јасно ни е што можеме да очекуваме. Нашата иднина во Лигата на шампионите е доведена во прашање. Ќе пристапиме на овој натпревар како и на сите други, ќе се обидиме да се подготвиме на најдобар можен начин. Го анализиравме ривалот, знаеме што не очекува. Мораме да победиме за да ја задржиме шансата за пласман во второто коло, свесни сме за тоа“, потенцираше Куман.

Холандскиот стручњак крена бело знаменце, па посочи дека е нереално да се очекува неговиот тим да ја освои титулата во ЛШ.

„Можеме да се натпреваруваме. Но, не можете да барате да ја освоиме Лигата на шампионите, особено ако се има предвид какви фудбалери имаат другите тимови. Фудбалските тимови во Европа многу напредуваа, ние не. Имаме генерациска промена“, заклучи менаџерот на Барса.

Се вчитува...