Куман: Не е исто без Меси, веќе никој не и се плаши на Барселона

Барселона со голот на Мемфис Депај синоќа успеа да се извлече од пораз на гостувањето против Атлетик Билбао на „Сан Мамеш“, ремизирајќи 1-1.

Шпанските медиуми на прес-конференцијата по мечот потенцираа пред стратегот Роналд Куман дека Барселона не е онаа истата без Лионел Меси, посебно кога се однесува на креацијата во играта и задржувањето на топката на средината од теренот.

„Вистина е. Зборуваме за најдобриот играч во светот. Противникот чувствува страв кога игра против Меси, но тоа сега веќе не важи за Барселона, а ќе важи за нас кога ќе играме против тимот во кој е Меси. Ние бевме навикнати на Лео. Кога ќе му дадевме пас на Меси, тој не ја губеше топката. Се чувствува дека тој не е тука, но тоа веќе не може да го промениме и се помиривме со тоа. Ќе мора Барселона во наредниот период на вистински начин да се адаптира на новата ера која следи, онаа без Меси“ – истакна Куман.

Се вчитува...