Куман пак ги лути каталонците: Оваа Барса не е иста со онаа од пред осум години

Роналд Куман повторно го навлече бесот на каталонската јавност откако им порача на фановите да не очекуваат блескави изданија од неговиот тим оваа сезона.

Коментарот следеше по синоќешното разочарувачко реми со Гранада (1-1), на кое Барса во самиот финиш благодарение на голот на Араухо се спаси од пораз.

„На сите треба да им е јасно, оваа Барселона не е иста со онаа од пред осум години, не треба да се очекуваат такви партии. Заслуживме да израмниме, го сменивме стилот на игра бидејќи Гранада ни остави простор по страничните позиции и го искористивме тоа“, истакна Куман.

Во меѓувреме, шпанските медиуми објавија дека претседателот Лапорта веќе донел одлука да му врачи отказ на Куман, но тоа ќе биде официјализирано кога ќе биде пронајдена замена за Холанѓанецот.

Се вчитува...