Навивачите на Барселона повторно бараат отказ за Роналд Куман по новиот дебакл во Лигата на шампионите.
Сепак, играчите по поразот од Бенфика од 3-0 дадоа поддршка на Куман истакнувајќи дека неговиот отказ нема да промени ништо.
„Чувствувам голема поддршка од страна на играчите. За клубот не знам, не знам… Сите знаат што е проблемот на Барселона. Нема да повторувам дека ова не е ист тим како минатата сезона. Тоа е така“ – истакна Куман по синоќешниот пораз притоа дополнувајќи:
„Овој пораз е тежок но не го покажува вистинскиот однос на силите на терен. Игравме добро до 2-0 и вистина е дека мора да биде многу подобро во дефанзивата“.
Барселона на двата натпревари против Баерн и Бенфика нема ниту еден шут во рамките на противничкиот гол, и во групата е без бодови со гол-разлика од 0-6.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА