Куман пред ПСЖ: Доколку Меси ја одигра својата најдобра партија, ништо не е невозможно

Барселона ќе се обиде повторно да го направи невозможното против ПСЖ и како во 2017 година, така и денеска (21 часот) убедливо да слави против парискиот состав, во вториот натпревар од осминафиналето во Лигата на Шампионите.

Тимот од „Камп Ноу“ го очекува тешка мисија во која мора да слави со најмалку четири погодоци како би ја надокнадил негативата од првиот меч (1-4), а како што вели Роналд Куман, за истото е потребна перфекција.

„Ќе се обидеме да ги закомпликуваме работите на ПСЖ, но истото ќе зависи од нашата ефикасност. Ние сме екипа која ја диктира играта и креира многу шанси, а ако биде наш ден, ништо не е невозможно. Доколку Меси е спремен да даде се од себе и одигра една од своите најдобри натпревари, се е можно. Он може да реши натпревар во било кој момент, меѓутоа не треба да се врши притисок над него. Сите мораат да одиграат на највисоко ниво“ – истакна Холанѓанецот.

Барселона од натпревар во натпревар ја крева својата форма, а и повторно е во игра и за трофејот во шпанското првенство, како и Купот на Кралот каде успеа да ја совладаат Севилја  и преку „камбек“ да го најде своето место во финалето.

„Натпреварот во Купот на Кралот ни даде многу самодоверба, но не можеме да споредуваме 0-2 и 1-4. Се наоѓаме во комплицирана ситуација и мораме да одиграме перфектен натпревар. Мораме да дадеме се од себе и да победиме. Најлошата работа која може да се случи е натпреварот да заврши, а ние не го дадеме максимумот. Веруваме во себе и подготвени сме да победиме со менталитетот кој го имаме“ – додаде Куман.

Добитната формула за Луис Енрике во 2017 година и големата победа против францускиот состав беше формацијата 3-5-2, а истата донесе пресврт и во натпреварот против Севлија оваа година. Дали Куман повторно ќе заигра со три стопери во невозможната мисија останува да видиме.

 

Се вчитува...