Куман: Се надевам дека Меси ќе остане во Барса, имаме многу млади и квалитетни играчи

Фудбалерите на Барселона останаа без пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако тимот на Пари Сен Жермен беше подобар од нив, а по дуелот со францускиот шампион, тренерот на Барселона, Роналд Куман, на изненадување на своите фанови, изјави дека е делумно задоволен од перформансите на неговиот тим.

Барселона синоќа ремизираше 1-1 со „светците“, па со овој резултат „каталонците“ испаднаа од елитното натпреварување со вкупен резултат од 5-2, не успевајќи да ја надополнат големата загуба од првиот натпревар.

„Елиминирани сме, но имаме причина да се чувствуваме добро. Бевме супериорни во првото полувреме, нашиот став беше одличен и заслуживме нешто повеќе од овој резултат“, изјави Роналд Куман.

Големата тема од претходните месеци во Барселона е дали шесткратниот освојувач на Златната топка, Лионел Меси, ќе ја продолжи соработката со клубот во кој порасна.

„Лео гледа дека тимот се подобрува веќе некое време поради промените што ги направивме. Имаме многу млади играчи со квалитет, кои имаат голема иднина пред себе, па воопшто не е прашање дали тој се сомнева во овој тим. Се надевам дека ќе остане “, рече холандскиот стручњак.

Барселона во моментов е на второто место на табелата во Примера со шест бода помалку од лидерот Атлетико Мадрид на 12 кола до крајот на шампионатот.

Се вчитува...