Холандскиот селектор Роналд Куман денеска го објави списокот од 26 фудбалери за претстојниот мундијал, на кој неочекувано беше изоставен Џереми Фримпонг.
Десниот бек на Ливерпул цела сезона се мачеше со повреди, беше „фит“ за последните средби на својот клуб, но Куман сепак реши да не ризикува со него изоставувајќи го поранешниот ас на Баер Леверкузен од мундијалскиот список. Меѓу патниците за СП 2026 го нема ниту Де Фрај од Интер, но и Матијс де Лихт кој за разлика од претходните двајца ќе паузира поради повреда.
Во однос на последното големо натпреварување и настапот на ЕП 2024, на новиот список на Куман има дури 13 различни фудбалери.

Холандија е дел од групата Ф на СП 2026 во која „лалињата“ за противници ќе ги имаат селекциите на Шведска, Јапонија и на Тунис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
