Куман за лудилото на последниот ден од трансфер рокот: Тоа беше големо ср*ње, но морав да го прифатам

Зад Барселона е турбулентно лето во кое покрај тоа што остана без услугите на Лео Меси кој поради финансискиот фер плеј мораше да го напушти клубот, остана и без Антоан Гризман кој во последните мигови од периодниот рок се врати во редовите на Атлетико Мадрид.

Сега на оваа тема проговоре и тренерот на каталонците, Роналд Куман кој изјави дека едноставно работите морале да се одвијат на тој начин.

„Немавме време да најдеме замена за Гризман. Тоа беше големо ср*ње, но знаев дека заминувањето на Гризман ќе ја поправи финансиската состојба во клубот и затоа прифатив трансферот да се реализира“, изјави холанѓанскиот стратег кој потоа се осврна и кон Лео Меси

„Заминувањето на Меси беше еден голем удар на нашите планови бидејќи истите беа поврзани со него. Покрај тоа тој беше мотивиран и добро подготвен за истите. Не го загубиме само Лео, туку и клупскиот симбол“.

Се вчитува...