Кумановки не добија билет за ЛШ

Европската ракометна федерација ги одреди учесниците за сезоната 2020/2021 во женската ракометна Лигата на шампиони. Во елитата нема да има место за ЖРК Куманово, откако од ЕХФ не беше прифатена апликацијата испратена од страна на Ракометната федерација на Македонија.

Прв фаворит за освојување на титулата повторно ќе биде унгарскиот Ѓер, а покрај нив главни фаворити за учество на Ф4 ќе бидат и Ростов Дон, Мец, Брест Бретањ и Будуќност. Дел од елитата ќе бидат и данските Есбјерг и Одензе, германските Борусија Дортмунд и Битенгхајм, романските Рамницу Валчеа и ЧСМ Букурешт, како и ФТЦ од Унгарија, ЦСКА од Русија, словенечки Крим, хрватска Подравка и Вајперс Кристиансанд од Норвешка.

Ждрепката за групната фаза ќе се одржи на 1. јули во Виена.

Се вчитува...