Куманово доживеа дебакл на гостувањето во Бугарија кај Академик

Кошаркарите на Куманово доживеа вистински дебакл на гоствуањето кај бугарскиот Академик Бултеск (96-68) во натпревар од 3. коло во балканската БИБЛ лига. Кумановци во ниту еден момент не беа достоен противник и уште на самиот старт домаќините го презедоа водството кое не го испуштија до крајот.

Томислав Минков со 16 поени беше најдобар во таборот на победникот, додека кај Куманово Бранислав Џекиќ заврши со 12, додека Александар Андрејевиќ додаде 10 поени.

Се вчитува...