Куманово Еуроспорт и Академија Пандев незапирливи во младинските лиги (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Извонредни настапи на Куманото Еуроспорт и Академија Пандев викендов во шампионатите од македонските младински лиги.

Момчињата на Куманото Еуроспорт беа повеќе од убедливи во дуелите против струмичка Беласица. Генерацијата од 2002 година на кумановци славеше со 7-0 против Беласица, додека генерацијата од 2003 година со 6-1 против струмичани.

 

ФК Академија Пандев, пак, како куриозитет со сите шест генерации се пласираше во четвртфиналето од Купот на Македонија во младинска конкуренција.

РЕЗУЛТАТИ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД ОСМИНАФИНАЛЕТО ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА НА ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ:

2005: Академија Пандев – Беласица 2-0
2004: Академија Пандев – Беласица 1-0
2003: Академија Пандев – Победа 3-0 (Бранител на титулата, освојувач на Куп за Петлиња)
2002: Академија Пандев беше слободна (Бранител на титулата, освојувач на титулата во Пионери – генерација 2001/2002)
2001: Академија Пандев – Ренова 2-0
2000: Академија Пандев – Ренова 2-1

Се вчитува...