KK Куманово и официјално потврдува дека е продолжен договорот со центарот Стеван Глигоријевиќ, кој ќе остане во Куманово уште една година.
Глигоријевиќ минатата година пристигна меѓу кумановци од екипата на Работнички, па се очекува 24-годишниот кошаркар во новата сезона да биде еден од темелите на играта на Куманово.
Од клубот информираат дека и следната сезона од клупата ќе бидат предводени од тренерот Игор Ѓорѓиевски, со кого исто така е продолжен договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА