Куманово го официјализираше Ѓорѓе Каплановиќ (ФОТО)

Ѓорѓе Каплановиќ е нов играч на Куманово откако српскиот интернационалец и „сино-белите“ денеска ја официјализираа најавената соработката. Србинот е добро познат во македонската кошарка со оглед на тоа што со успешност го носеше дресот на Еуро Никел во сезоната 2019/20 кога се наметна како еден од најдобрите играчи на кавадарчани со 14.1 поен и 6.3 скока по натпревар.

Каплановиќ, кој во Куманово доаѓа од редовите на Слобода Тузла е третото засилување за тимот на Ѓорѓиевски во краток период по Андреј Настовски и Ѓукан Ѓукановиќ со што овој клуб продолжува со составување на тим кој следната сезона покрај домашното првенство повтроно ќе се бори и на интернационалната сцена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KK KUMANOVO 2009 (@kkkumanovo)

Се вчитува...