Куманово го сопна Гостивар, Работнички им се врати на победите

Одличната трета четвртина која му пропадна со 26-13 му ја однесе победата на Куманово од 72-85 над лидерот на табелата Гостивар во дуелот од осмото коло во првата македонска кошаркарска конкурнеција. Гостивар беше поусpешеn во воедниот сегмент, втoриот дел беше изрманет, а потоа во третиот период Куманово го направи чекорот кон победа. Во последните 10 минути успеа да ја одбрани залихата и да му го нанаесе на Гостивар вториот сезонски пораз.

Гостивар сега има 14 бода колку што има и Кожув кој денеска славеше над ФМП Аkадемија, но МЗТ Скопjе Аеродром може да се пробие пред нив на лидерската позиција ако утре го добие дуелот од ова коло против Еуроникел. За Куманово ова беше петта победа и по неа има 13 бода и е на петтото место на табелата.

Горјан Марковски со 24 и Марјан Јаневски со 23 поени беа лидери во успехот на Куманово. Кај гостивар донован Доналскон средбата ја заврши со 38 поени.

Работнички излезе од лошата резултатска серија и трите последовни порази и рутниски славеше во пресмтката со Вардар. Вицепрвакот забележа висока победа од 55-103 и со 13 бода се проби на третата позиција на табелата.

Победа во дуелот од осмото коло забелажа и Кожув кој со 87-78 ја победи ФМП Академија. Дистанцата за победа, гевгелскиот тим ја направи во втората и во третата четвртина од средбата. За Кожув ова е

 

Се вчитува...