Куманово и ТФТ ги добија противниците во квалификациите за ФИБА Еврокупот (ФОТО)

Македонската кошарка во новата сезона ќе има два претставници во главната фаза од Еврокупот на ФИБА доколку Куманово и ТФТ успеат да ги поминат квалификациите за престижното натпреварување.

Двете екипи истите ги започнуваат уште од првата фаза, а тоа значи дека на патот до групната фаза на „сино-белите“ и „црно-белите“ им се потребни три победи на турнирите кои ќе се одржат во периодот од 28. септември до 1. октомври.

Куманово во првото коло ќе се сретне против австрискиот претставник Гмунден, а доколку избраниците Ѓорѓиевски ја поминат оваа пречка следи меч со холандскиот тим Хронинген. Доколку стигне до финалето, Куманово ќе се сретне со португалската Бенфика или романската Волунтари.

ТФТ во првиот меч од турнирот силите ќе си ги одмери со унгарскиот Натуртекс, а во следната фаза следи натпревар против германскиот состав Меди Бајројт. Во финалето избраниците на Смилковски ги очекува меч против подобриот од рускиот Енисеј и израелскиот тим Хапоел Хаифа.

Се вчитува...