Куманово и ТФТ во изменетата БИБЛ лига почнуваат на крајот од месецов

Куманово и ТФТ сезоната во БИБЛ лигата же ја почнат на 20.октомври за кога регионалното натпреварување го закажа стартот на новата сезона. Нашите две екипи заедно со Берое – Стара Загора и Пловдив (Бугарија), Ибар – Рожаје (Црна Гора), и веројатно една екипа од Косово ќе бидат во балканскиот сегмент од натпреварувањето кој според усвоениот систем ќе разигрува во една група во која секоја од екипите ќе одигра по десет натпревари (по пет на домашен и пет на гостински терен).

Во сегментот каде што же се натпреваруваат израелските претставници се подлеени во четири групи од кои победниците во два меча со вкрстување меѓу себе ќе ги дадат двата учесника кои же им се приклучат на четирите прволасирани од балканската група со што ќе бидат формирани нови две групи со по три учесника. Двете првопласирани екипи од двете групи ќе обезбедат директен пласман на „Фајнал-фор“ турнирот. Екипите кои ќе завршат како второ, односно третопласирани во двете групи, според систем на елиминации (дома-гости), ќе ги детерминираат преостанатите два учесници на завршниот турнир.

Официјалниот почеток на БИБЛ лигата ќе биде на 11.октомври, кога ќе стартуваат четирите турнири во Израел. Првиот натпревар, односно првото коло од регуларниот дел на Балканската лига, треба да се игра на 20. октомври.Првата фаза е планирано да заврши на 26-27. јануари, 2021 година. Втората стартува на 2/3 март, а ќе заврши до 23/24 март, 2021 година. Плеј-оф натпреварите ќе се играат на 30/31 март, односно 6/7 април. Финалниот турнир е предвидено да се игра од 16. до 18. април, 2021 година.

Се вчитува...