Куманово на крилјата на Кимевски до прва победа, Бутел ја доби „драмата“ со Струга, лесна победа за Тиквеш

Во последните три натпревари од 3. коло во Суперлигата на Македонија, победи за ракометарите на Куманово, Бутел и Тиквеш.

Во крајно неизвесен натпревар, низ израмнета игра, Куманово славеше со 24-26 на гостувањето против Вардар Неготино. Уште во првото полувреме кумановци се стекнаа со предност од 12-15, а потоа истата ја контролираа низ вторите 30 минути за конечна победа. Сето тоа благодарение само на голманот Киевски кој беше извонреден на голот на Куманово со 17 одбрани.

Ова е прва поведа за Куманово сезонава, наспроти Вардар Неготино кој го запиша и третиот пораз во Групата А од Суперлигата, во која во водство се Вардар 1961 и Алкалоид со по три победи.

А до втора победа во Групата А дојде Бутел кој, исто така низ максимално израмнет натпревар дојде до победа над Струга од 27-25. Првото полувреме заврши со предност на Бутел од 13-12.

Тиквеш дојде до втората победа сезонава во 3. коло од Групата Б, славејќи на гостувањето против Јуниор КВ со 25-32. Ракометарите на Јуниор КВ остануваат со само едно реми по првите три кола од шампионатот.

Се вчитува...