Куманово освоено, Работнички е на чекор до финале

Работничи е на чекор до пласман во финалето од кошаркарскиот плејоф откако тимот предводен од Марин Докузовски вечерва славеше на гостувањето против Куманово со резултат . Кумановци сторија се што можеа во обид да го изненадат големиот фаворит, но платија за слабиот старт, во кој му овозможија на гостинот од Скопје уште во првата четвртина да оствари недостижна предност.

Како клучна се покажа одличната игра на Работнички во првите десет минути, во кои избраниците на Докузовски по водството од 8-11 постигнаа 13 поени во низа, поведувајќи со 8-24. Четвртината заврши со 12-28, по што гостинскиот тим умешно ја контролираше предноста. Затаи вообичаено главното оружје на кумановци, шутот за три поени, домашниот состав погоди само една од првите девет упатени тројки.

Потоа во второто полувреме Куманово шутираше попрецизно, но веќе беше доцна, Работнички рутински ја сочува предноста до конечните 68-82.

Костов со 20 поени повторно беше во главна улога кај Работнички, Гинјард постигна 18, а Еванс 16 поени за гостинскиот тим, додека најдобри стрелци кај Куманово при денешниот пораз беа Јанески со 16 и Стајиќ со 10 поени.

Третиот меч од оваа полуфинална серија, на која Работнички со триумф ќе обезбеди пласман во големото финале, се игра в понеделник во салата „Градски парк“ во Скопје.

Се вчитува...