Кошаркарите на Куманово лесно и убедливо ја совладаа Блокотехна на домашен терен со 86-65, но за пласман во Суперлигата им е потребен и пораз на Фени против МЗТ Скопје, меч кој се игра во овие моменти во Кавадарци.
Кумановци го добија првиот период со 22-17, а во вториот обезбедија и убедлива предност, па на полувреме заминаа со позитива од 18 поени (47-29). Тоа беше доволно за на крајот рутински да остварат триумф.
Бранислав Ѓекиќ постигна 19 поени во победничкиот тим, а Игор Пенов беше стрелец на 12 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА