Куманово против Кожув до прва Суперлигашка победа

Екипата на Куманово ја забележа првата победа во Супер-лигата триумфирајќи над Кожув во претпоследното коло од овој натпреварувачки сегмент во домашниот кошаркарски шампионат.

Разликата што ја направи Кожув во првата четвртина, кумановци ја достигнаа во вториот сегмент, а потоа во третата четвртина побегнаа на предност која Кожув не успеа да ја достигне во израмнетите завршни 10 минути.

Ѓекиќ со 23 поени беше лидер во триумфот, Мекиќ уфрли 20, а Пенов 12 поени. кај Кожув Ивелја и Кесар со по 11 поени беа најдобрите стрелци.

Кожув и Куманово се на последните две мест на суперлигашката табела и уште претходно беше извесно дека нема да бидат дел од разигрувањето за титулата.

Се вчитува...