Куманово против Шкупи стави печат на Супер-лигата

Првиот круг од натпреварувањето во Првата лига беше заокружен со убедливата победа на Куманово против екипата на Шкупи од 79-109, со која кумановци се искачија на шестото место на табелата кое ги води во Супер-лигата.

Охрабрени по одличните игри и победите над Фени индустри и Блокотехна, избраниците на тренерот Петровиќ одиграа беспрекорно во нападот против „фенерџијата“ и рутински стигнаа до посакуваниот триумф. Веќе во првата четвртина беше очигледна разликата во класи, кумановци поведоа со 15-31 и потоа ја зголемуваа предноста се до самиот крај на натпреварот.

Лука Тодоровски со 26 поени беше најефикасен во победничкиот тим, младите добија шанса и ја искористија, па покрај талентираниот центар се истакнаа и Бешлиоски со 14 и Тодоровиќ и Стојановски со по 13 постигнати поени.

Се вчитува...