Куманово се засили со Ѓукан Ѓукановиќ (ФОТО)

Куманово продолжува со составување на тимот кој следната сезона ќе ги брани „сино-белите“ бои, а по потписот со Андреј Настовски, најновата аквизиција на тимот е Ѓукан Ѓукановиќ кој зад себе има и искуство на интернационалната сцена.

Србинот кој игра на бековската позиција во редовите на Куманово доаѓа од тимот на Пирот каде на 13 одиграни средби во Првата лига на Србија бележеше просек од 6.7 поени, 3.5 скока и 2.1 асистенција. Ѓукановиќ два пати ја освојуваше МВП титулата во српската лига во 2018 и 2019 година и ќе биде од голема помош за кумановци, не само за домашното првенство, туку и за интернационалната сцена.

Во следниот период се очекува уште неколку играчи да го засилат „сино-белиот“ табор, а еден од нив е 26-годишниот Ѓорѓе Калплановиќ кој претходно го носеше дресот на Еуро Никел во македонското првенство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KK KUMANOVO 2009 (@kkkumanovo)

Се вчитува...