Куманово си закажа полуфинале со Работнички

Кошаркарите на Куманово без многу проблеми славеа со 85-65 (28-23,19-14,23-12,15-16) против Гостивар во последниот четвртфинален натпревар од Купот на Македонија кој се игра во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

Од самиот почеток на мечот кумановци наметнаа победнички ритам, иако во првиот дел Гостивар успешно парираше одржувајќи разлика која дава надеж за полуфинале. Но, победникот дефинитивно беше решен во третиот период од играта кој Куманово го доби со 11 поени разлика (23-12) па пред последната четвртина влегоа со вкупна предност од 21 поен.

Најефикасен во победата на Куманово беше Караколев со 17 поени, додека Јаневски постигна 15 поени, а Мекиќ го заврши мечот со 13 постигнати поени. Во поразениот состав се издвоија Шегариќ со 17 поени и Робев со 12 постигнати поени.

Во утрешното полуфинале Куманово ќе се соочи со Работнички, додека во втората полуфинална пресметка од Купот на Македонија ќе се сретнат МЗТ Скопје и Блокотехна.

Се вчитува...