Денес ќе се одиграат последните натпревари во групата А во првата групна фаза од БИБЛ лигата. Во „А“ се наоѓаат два македонски клуба, Куманово и Кожув, кои денес ќе си ги одмерат силите против Берое односно против Сигал Приштина.
Кумановци веќе обезбедија пласман во втората фаза, па денес Марјан Србиновски ќе може да ги штеди своите играчи. Со ешст победи од кои пет во низа и само три порази, Куманово е на втората позиција на табелата и каков и да биде исходот денес против Берое македонскиот вицешампион е сигурен патник во втората групна фаза.
Кожув пак, се наоѓа на третата позиција на табелата и на гевгеличани им треба победа над Сигал Приштина вечерва за да го заверат третото место и пласман понатаму. Единствената веројатност за Кожув да не обезбеди место во втората групна фаза е да загуби од актуелниот шампион во балканското натпреварување со минимум 37 поени што е речиси неизводливо.
Куманово и Берое ќе излезат на паркетот во Стара Загора во 17 часот, два часа подоцна ќе се пресметаат Кожув и Сигал Приштина.Четвртиот и финален патник во втората фаза од групата А ќе го одлучи натпреварот помеѓу Теодо и Башкими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА