Куманово со кош во последните секунди до триумф на тестот со Работнички (ФОТО)

Кошаркарите на Куманово славеа против Работнички со 82-81 на пријателскиот натпревар кој се одигра во Куманово.

Кумановци триумфираа со последниот напад кој успешно го реализираа за конечна победа. Домашните кошаркари имаа минимална предност низ текот на целиот натпревар. На полувреме Куманово имаше предност од 38-34, а во одлучувачките десет минути Работнички се впушти само со негатива од еден поен, 58-57.

Најдобри кај Куманово беа Џозеф со 22 поени и Каплановиќ со 19 поени, додека кај Работнички се истакнаа Полп со 28 поени и Марковски кој реализираше 20 поени.

Се вчитува...