Куманово на мегдан со Гмунден: Одбраната ќе го реши мечот

Кошаркаркиот клуб Куманово по пет години пауза се враќа во дуелите од ФИБА Еврокупот. За разлика од сезоната 2015/16 кога „сино-белите“ играа во групната фаза сега на избраниците на Игор Ѓорѓиевски им претстојат квалификациите, а во четвртфиналниот натпревар кој е закажан за денеска со почеток од 19 часот и 30 минути силите ќе си ги одмерат со австрискиот првак Гмунден.

Кумановци се соочија со вистинско патeшествие откако до турнирот во Гронинген, Холандија патуваа со автобус, но во таборот на „сино-белите“ владее оптимизам за претстоечкиот меч за кој тренерот Ѓорѓиевски шансата ја гледа во добрата одбрана.

„Станува збор за тим кој е шампион на Австрија. Од минатата сезона тимот е изменет со тоа што поголемиот дел од нивните кошаркари кои беа носители не се веќе дел од оваа екипа. Иако има измени во играчкиот кадар на нашиот противник не значи дека ние треба да ја отпишеме оваа екипа. Нашата шанса на овој меч ја гледам во нашата одбрана и брзата транзиција од одбраната во фазата од нападот. Само треба внимателно и сериозно да влеземе во мечот, резултатот ќе дојде сам по себе“, изјави тренерот Игор Ѓорѓиевски пред европскиот предизвик.

Се вчитува...