Куманово со пораз од бугарски Академик ја почна главната фаза во БИБЛ

Куманово со пораз на домашен терен од бугарскиот Академик Бултекс од 70-87 ја отвори главната фаза во балканската БИБЛ лига. Катастрофалното прво полувреме, а особено втората четвртина во која кумановци постигнаа само девет поени беше клучна за пораз на македонскиот прволигаш.

Одличниот трет период кој домаќините го добија со плус единаесет беше недоволен за целосен пресврт и прв триумф во главната фаза од ова натпреварување.

Васил Бачев со 24 поени беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека во Куманово се истакна Бранислав Џекиќ со 16 поени.

Се вчитува...